Dj Shorty P aka Pancho Dj Shorty P a.k.a. Pancho


е еден од најдобрите hip-hop и r`n`b dj-и во Македонија. Почнал да пушта музика во 2002 година и досега има забележано голем број успеси. Настапувал како резидент dj во сите поголеми клубови во Скопје како, summer-winter club Colosseum, Paradiso ,Havana, Process, Klub 69 , Summer & Winter Club Hard Rock, Club Level, Club Zen , The CUBE Club , La Fabrique… Како dj ги посетил сите поголеми градови во Македонија како Битола, Охрид, Струмица, Тетово, Гостивар, Штип, Велес, Куманово, Гевгелија, Кавадарци, Радовиш, Пробиштип. Надвор од границите на државата настапувал во Шафхаусен / Швајцарија, Загреб, Задар, Белград, Тирана, Приштина и Драч. Основач е на промотерската агенција SureShotz Entertainmet, и како промотер ги организирал најдобрите hip-hop и r`n`b забави во државата како: KRS ONE, Jeru Tha Damaja, Kurtis Blow, Keith Murray, Kurtis Blow Junior aka Kurtis Cloud, Afu Ra, Guru of Gang Starr ( R.I.P. ), Nina Sky , J - Ro From Alkaholiks , AKIL The MC From Jurassic 5 , Edo Maajka , Connect , Bad Copy , Elemental , Marchelo. Преку агенцијата организира настапи на голем број dj-и од странство (Dj Premier, Dj Maseo from De La Soul , Dj Revolution , Dj Tony Touch , Afrika Bambata , Dj Doo Wop, Dj 279, Dj Shortee Blitz / London - UK, Dj Latin Prince , Dj @ War , Dj CLK, Dj Ease , Dj Bruce Wayne, Dj Cj Beatz , Dj Cable , Dj Faze, Dj Maxx, Dj Mista Mix, Dj Mark Devlin , Dj Odie , Dj K Pow, Dj Oli Dobolli, Dj Phat Phillie , Dj Bizzo Bodega , Dj Bronson, Dj Zrna , Dj Ninja, Dj She Devil , Dj Sket, Dj Pfound500, Dj Sweap, Dj KC , Dj Lady G , Dj Mosaken, Dj Prema, Dj Stancho , Dj Blunt.......) Исто така, член е и на BumSquad Dj`s организацијата, и има своја емисија (ZipZap Show) на најслушаното радио во државата – Antenna5, на кое секоја недела од 22.00 до 24.00ч. слушателите можат да уживаат во изборот на неговата музика. Заедно со Андреј се членови на r`n`b дуото ДНК. Нивниот нов албум "Кажано е Се" беше промовиран на 09.06.2010 и веќе може да се најде во сите специјализирани музички продавници ширум нашата земја. Вреди да се спомене дека на овој албум им гостуваат еминентни HipHop артисти од соседството: Connect/Хрватска, VIP/Србија и можат да се пофалат дека имаат добиено инструментал на кој ја снимија темата "Спонзоруша" од одличниот HipHop Хрватски продуцент Марвел.

Dj Irie Scratch Dj Irie Scratch


е еден од најмладите професионални диџеи во Македонија и на Балканот. Тој е дел од најдобрата и највлијателната хип-хоп промотерска агенција во државата – Sure Shotz Entertainment, заедно со DJ Shorty P aka Pancho.


Со пуштање музика почнува на само 16-годишна возраст, на забави на пријатели. За кратко време почнува да пушта музика во кафулиња и мали клубови низ Скопје, и го добива својот прекар Irie Scratch. Веќе за една година има пуштано музика во скоро сите популарни кафулиња во градот (како на пример: Бони, Автобус, Клуб на Новинари, Дежа-ву, Т-Клаб, Бариста, Сенс, Тренд..). На 10ти Октомври 2009 пушта музика во Клубот Капан Ан заедно со уште неколку диџеи како дел од "Drum and Bass Jungle" забавите. После тоа, станува резидент во истиот клуб заедно со Active Rasta Selectors, заедно правејќи забави на кои се врти реге, денсхол, хип-хоп и џангл музика скоро 2 месеци.


2010 е најзначајна година во неговата кариера досега. На почетокот на годината станува член на Sure Shotz Entertainment, и почнува да пушта музика во најголемиот и најпознатиот клуб во Скопје, зимскиот Клуб Колосеум, како дел од RnB Confusion забавите, организирани од Sure Shotz Ent. На 5ти Март е дел од мини-хип-хоп фестивал одржан во клубот Кастро, заедно со уште неколку млади и талентирани изведувачи. Исто така продолжува да пушта музика во сите познати кафулиња и мали клубови во градот, и станува еден од најпостојаните диџеи на сцената.

Cuci Cuci


Party manager,

Хост за артистите на Sure Shotz Евентите.